Може да се каже дека не постои таков човек кој ги пробал, а не му се допаднале. Вкусот на нашите посни грицки со сончоглед и сусам ги освои трајно сите генерации. Кој пробал сигурно знае, а кој не пробал треба да знае дека многу пропушта.
Овие грицки се одлично мезе за со пиво, фантастична ужинка во било кое време од денот, идеални за носење на патување и за долги филмски вечери во домот. Уживање на милион начини!

Состојки:
- 250 мл масло
- 250 мл пиво
- 250 гр сусам
- 250 гр лупен сончоглед
- 1 лажиче сол
- 2 кесички прашок за печиво
- брашно по потреба (околу три шолји).
Подготовка:
- Ставете ги сите состојки во поголем сад за месење и замесете ги. Тестото убаво се меси за добро да се соединат состојките.
- Потоа, со помош на сукало се формира кора со дебелина околу 1 см.
- Со помош на калапи се сечат форми од кората.
- Добиените форми се ставаат во намрсена тава со малку маргарин, а од тестото кое останува, се повторува истата постапка како претходно, се додека не се потроши.
- Формираните грицки се печат околу 20 минути на температура од 200 степени.