Кој обожава медени колачиња? Направени со многу љубов од вкусната кујна на Катерина. Што останува на вас? Изберете мармалад по желба, детално прочитајте го рецептот за вкусните посни медењаци и засукајте ги ракавите.
Креирајте магично вкусни колачиња во својата кујна!

Состојки:
- 10 лажици млака вода
- 10 лажици шеќер
- 2 лажици мед
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 ½ мала лажичка цимет
- ½ лажиче мелено каранфилче
- 1 рамно лажиче ситно рендан свеж ѓумбир
- 7 лажици масло
- околу 25 полни лажици брашно
- по потреба мармалад (вкус по желба).
Подготовка:
- Во длабок сад ставете ги сите состојки освен брашното и мармаладот.
- Измешајте, а потоа постепено додавајте го брашното.
- Замесете средно меко нелепливо тесто.
- Замесеното тесто покријте го со најлонска фолија и оставете го 30-тина минути да отстои.
- Од тестото формирајте топчиња. Во секое топче, во средина ставете по малку мармалад.
- Колачињата наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
- Печете во загреана рерна на 200 степени, за време од 10-15 минути (зависно од рерната).
- Испечените посни медењаци завиткајте ги во крпа и оставете ги да отстојат околу 1 час. Потоа, по желба поросете ги со шеќер во прав и послужете ги со топло кафе. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви предлагаме да прочитате: Медени колачиња со мармалад.