Досега немавме пробано нешто вакво, ама ете, благодарение на Кате, имавме супер можност да пробаме нешто ново и проверено вкусно. Овие посни плескавици од грав се одлично јадење, супер за главен оброк, а може да ги подготвите и како мезе за со омиленото пиво со пријателите.
Предлагаме да ги направите и да поканите гости на дегустација драги пријатели или расположени роднини. Кога друштвото е добро, мезењето оди уште поубаво!

Состојки:
- 250 гр грав
- 1 филџан соја трошки
- 1 сува пиперка
- 1 варен компир
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 3 лажици лебни трошки
- палента за похување на плескавиците по потреба.
Подготовка:
- Најпрво ставете го гравот да се вари. Иако не е задолжително, предлагаме претходно да го оставите гравот да стои во вода, најмалку 3-4 часа, а подобро преку ноќта.
- Сварениот грав испасирајте го, додајте ги соините трошки (претходно потопени во топла вода и исцедени).
- Компирот изрендајте го, а лукот и кромидот ситно исечкајте ги.
- Додајте ги сите состојки во садот со сварениот грав.
- Убаво измешајте ја смесата да се соединат состојките, па оставете ја да стои во фрижидер околу 15 минути.
- Од смесата формирајте плескавици, свалкајте ги во палента и пржете ги на загреано масло. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Посни плескавици од компири.