Посни тестенини со доматно пире и босилек

Почувствувајте ја медитеранската арома преку дегустација на ова вкусно јадење! Пробајте го овој нов рецепт за посни тестенини со доматно пире и босилек.

Рецептот ни доаѓа на предлог од Невена, а таа вели: „Овој е едноставен начин за подготовка на тестенини, со едноставни состојки, но сепак вкусен оброк погоден за ова секое време. Без додаток на пармезан со некоја сезонска салата може да биде и коплетен посен ручек“.

посни тестенини

Состојки:

  • 200 гр посни тестенини во вид на машнички или други по избор
  • 250 мл доматно пире
  • 1/4 мала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 4-5 големи листови свеж босилек или 2 лажици замрзнат
  • 6-7 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче шеќер
  • по вкус сол и црн пипер
  • пармезан за посипување тестенините по желба (доколку постите не ставајте)
  • по потреба вода и сол за варење на тестенините.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете вода со сол да зоврие. Откако ќе зоврие додајте ги тестенините да се варат. Тестенините варете ги според времето означено на пакувањето.
  2. Потоа исцедете ги.
  3. Додека се варат тестенините подгответе го сосот.
  4. Кромидот изрендајте го, а лукот протиснете го низ преса или ситно исечкајте го.
  5. Во поголема нелепливата тава на оган ставете го маслиново масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги кромидот и лукот. Пропржете ги кратко време.
  6. Во тавата додајте ги доматниот сос, шеќерот, босилекот (искинат на помали парчиња, ако користите свежи листови) и малку вода (1/3 чаша). Оставете го сосот да се вари за време од 5 минути на среден оган. При крајот додајте сол и црн пипер по вкус.
  7. Додајте ги тестенините и измешајте. Готовите посни тестенини послужете ги додека се топли. На здравје!

Рецептот ги испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Посни макарони со спанаќ.

Сподели: