посно смути со банана и спирулина

Посно смути со банана и спирулина

Искористете ги придобивките кои ни ги нуди природата! Чинија полна со здравје е чинијата полна со витамини и минерали од овошје и зеленчук! – Свежи и хранливи за сечиј вкус. А сега, за совршен почеток на денот и енергија, ви подготвивме нов рецепт за смути со банана и спирулина.

И овој пат, инспирација за подготовка ни беше нашата омилена Hawaiian Spirulina. Hawaiian Spirulina е супер храна која го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Богата е со високо квалитетни протеини и амино киселии, витамини: бета каротен (витамин А), рибофлавин, фолна киселина, разлини минерали како железо, калциум, цинк и селен, и есенцијални масни киселини – омега 3 и 6. Се нарекува и кралица на алгите и супер храна за долг живот.

посно смути со банана и спирулина

Во комбинација со банана, растително млеко и путер од јаткасти плодови се добива хранлив оброк за сите генерации. Вкусот е одличен и неповторлив, па сигурни сме дека овој здрав напиток ќе ви го направи секое утро поубаво, а деновите исполнети со позитивна енергија и сила. Топло им го препорачуваме на сите кои се во брзање и водат исполнет и динамичен живот. Се подготвува мошне брзо и исклучително е хранливо, па дава чувство на ситост преку целиот ден. Совршено ќе го надополни вашиот утринскиот оброк, а може да се консумира и како здрава ужина. Посно, веганско, без глутен, без шеќер и без лактоза!

Состојки:

  • 1 голема и зрела банана
  • 1 чаша бадемово млеко или друго растително млеко по избор
  • 2 лажици путер од кикиритки и бадеми
  • 1 лажичка природен засладувач (агаве сируп, јаворов сируп, мед или свежи урми)
  • 2 лажички Hawaiian Spirulina во прав.

За декорација:

  • чиа семе
  • боровинки
  • киви.

Подготовка:

  1. Бананата излупете ја и исечете ја на неколку парчиња.
  2. Парчињата банана ставете ги во блендер и додајте ги бадемовото млеко, путерот од кикиритки и засладувачот. Кратко изблендирајте ги додека добиете кремасто смути.
  3. Смутито ставете го во чинија и додајте ја Hawaiian Spirulina во прав. Измешајте и по потреба додајте бадемово млеко.
  4. Готовото смути со банана и спирулина поросете го со чиа семе и декорирајте го со боровинки и киви по желба. Живеј здраво, живеј сега!

Препорака плус:

Hawaiian Spirulina во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија или да ја порачате преку онлајн продавницата на Тримекс директно на ваша адреса, со бесплатна достава. Покрај во прав, таа е достапна во пакувања со различни големини од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг.

Зелено детокс смуди за побрз метаболизам 3

За подетални информации јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или кликнете на следниов линк, а за дополнителни прашања пишете ни на sezahrana.mk и ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска, па одговорот ќе го проследиме со вас.

Доколку ви требаат уште креативни инспирации за приготвување на брзи смути и пудинзи со спирулина, погледнете кои се најдобрите 5 рецепти од sezahrana.mk:

Ви препорачуваме да прочитате: 10 докажани причини за да консумирате спирулина.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: