Прекрасен чоколаден напиток за вкусно уживање со најмилите! Нашиот рецепт за посно чоколадно смути кој ни го испрати Невена е фантастичен, зашто може да го пијат и оние кои постат, оние кои обожаваат вегански и вегетаријански начин на живот и сите кои умеат да уживаат во слатките задоволства кои ги нуди животот.

Состојки:
- 1/2 авокадо
- 1 мала зрела банана
- 1 полна лажица какао
- 2 полни лажици мед
- 1/2 лажиче нане
- 250 мл млеко од соја со вкус на ванила.
Подготовка:
- Бананата и авокадото излупете ги и исечете ги на помали парчиња.
- Ставете ги во блендер и додајте ги и останатите состојки.
- Блендирајте ги додека добиете изедначена смеса.
- Готовото смути истурете го во чаши и послужете го.
Совет плус: Кога ќе е готово смудито пробајте го, ако не вие доволно благо можи да си додадете уште мед или кафеав шеќер по вкус.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.