Ни стигнаа многу интересни рецепти, а рецептот на Анита за похувани соја шницли ни привлече внимание, па посакавме да го споделиме со сите вас.
Задоволно таа ни кажа „Се знае, кога готвиме со најдобрите, најквалитетните и испробани производи на Кристал резултатот е за „лајк“! Многу вкусно… На здравје!“ Па еве како да го пробаме вкусот на овие шницли и ние!

Состојки:
- 1 паковање соја Кристал
- 1 литар вода
- масло Кристалпо потреба
- брашно по потреба
- зачин Еленка од Кристалпо потреба
- 3 изматени јајца
- сол по вкус.
Подготовка:
- Во сад турете ја водата, малку од зачинот Еленка и малку сол, па ставете го садот на оган и оставете течноста да зоврие.
- Турете ги соја шницлите Кристал да се сварат. Готови се штом омекнат и нараснат во волумен.
- Сварените соја шницли се цедат со помош на цедалка. Добро исцедени и додека сеуште се влажни се валкаат во брашно (може и во пченкарнотобрашно Кристал), а потоа се потопуваат во добро изматените јајца.
- На крај се пржат во врело масло Кристал. Кога убаво ќе заруменат се готови, па може да ги извадите врз салфетка за да се впие непотребната маснотија и спремни се за служење и за јадење. На здравје!
Рецептот го испратил: Анита Арсоска.
Ви препорачуваме да прочитате: Ролована гибаница.