Печени свински ребра со соја сос

Секоја домаќинка си има свој испробан рецепт за подготовка на свински ребра. Денес, ви предлагаме да пробате нешто ново и да направите печени свински ребра со соја сос. Имаат неверојатен вкус кој сигурно ќе ве натера да посегнете по парче плус.

Свинските ребра може да се подготват на различни начини. Како и да ги подготвувате, тие ќе бидат повкусни и посочни доколку пред подготовка ги маринирате. Овие печени свински ребра со соја сос имаат брза подготовка и се маринираат со состојки кои сигурно ги имате во кујната.

Може да ве интересира: Како да направите печени свински ребра со совршен вкус?

печени свински ребра

Состојки:

  • 1 кг свински ребра од Агриа
  • 150 мл соја сос
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица оцет
  • 2 лажички кафеав шеќер
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка кари во прав
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Исечете ги ребрата до саканата големина.
  2. Во сад измешајте ги другите состојки и прелијте ги ребрата. Убаво измешајте ги и оставете да отстои во фрижидер околу еден час.
  3. Тавата за печење обложете ја со алуминиумска фолија. Наредете ги ребрата и прелијте ги со остатокот од сосот. Додајте една чаша вода и ставете ги да се печат во рерна загреана на 160 степени.
  4. За време на печењето неколку пати свртете ги ребрата и по потреба додајте вода. Печете околу 40-45 минути, во зависност од рерната, додека да добијат убава боја.
  5. Печените ребра сервирајте ги по желба и послужете ги. На здравје!

Наша препорака:

За да направите вкусен ручек потребни ви се квалитетни намирници. Затоа, за подготовка на овој рецепт важно е да користите свежо свинско месо од проверени производители. Кога станува збор за свежо свинско месо, ви препорачуваме да ги посетите Агриа. Во месарниците на Агриа, Рамстор и Тинекс маркетите може да најдете свежи свински ребра, како и свински кременадли, каре, бут, плешка, врат… од домашно производство. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, и работат по принципот „од нива до трпеза“. Секогаш свежо и со премиум квалитет!

ребра

Ви препорачуваме да прочитате: Што е маринада и како се користи за маринирање на свинско месо?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: