начини на користење на чиа семето

Правилни и погрешни начини на користење на чиа семето

Овие мали семки се права ризница на растителни влакна, протеини, антиоксиданси и омега 3 масни киселини. Меѓутоа, не е сеедно на кој начин ги консумирате. Ви претставуваме кои се правилни, а кои се погрешни начини на користење на чиа семето. 

Погрешен начин на користење на чиа

Погрешен е начинот да проголтате лажичка чиа семе, а потоа да се напиете чаша вода. Овој начин на консумација може да доведе со проблеми со голтањето и изразени проблеми со варењето на храната. Најдобро е чиа семето да го испиете претходно измешано во комбинација со јогурт, како дел од овошна салата, смуди и слично. Ако сакате да ги искористите придобивките на чиа семето, има уште еден начин, да го набавите здравото и квалитетно ладно цедено масло од чиа на Фила, кое изобилува со позитивни карактеристики и многу лесно се вклопува во сите погоре набројани комбинации и разни салати.

Ви препорачуваме да прочитате: Ладно цедено масло од чиа за здрави зглобови и силна коса.

употреба на чија семе

Правилни начини на консумација на чиа

За да може максимално да се искористат здравствените придобивки од чиа семето, потребно е пред консумација да го потопите во вода или некоја друга течност.

Кога чиа семките се остават некоe време да стојат во вода ќе забележите дека го зголемуваат својот волумен и постануваат желатинозни, пуштајќи слузнава материја околу себе. Тоа им овозможува многу полесно да поминат низ органите за варење. Освен тоа, кога се консумираат на овој начин, чиа семките даваат поголемо чувство на ситост, затоа што продолжуваат да го зголемуваат волуменот и кога достигнуваат во органите за варење.

Може да ве интересира: Чиа овошна салата.

Некои други истражувања покажале дека со консумирањето на мелени чиа семки се овозможува да се искористи многу поголема количина на растителните омега 3 масни киселини, отколку ако чиа семето се консумира цело. Ние го користиме меленото чиа семе на Фила, затоа што има супер квалитет и добро е спаковано. Може да го погледнете или купите преку линкот на нивната онлајн продавница, или од поголемите маркети.

Освен само потопени во чиста вода, чиа семките може да се користат во различни освежувачки пијалаци, може да се додаваат во јогурт, утрински мусли како и различни рецепти за овошни пудинзи. Исто така може да се додадат во здрави мафини.

Енергетски напиток со чиа семе

Еве еден предлог за утрински напиток кој е посебно добар во лето или пред тренинг, затоа што е полн со разни хранливи материи и електролити. Можеби не е посебно вкусен, но исклучително е хранлив и здрав.

Во чаша со кокосова вода додајте една лажичка мелено чиа семе, половна лажичка спирулина и половина лажичка пченична трева во прав. Измешајте ги сите состојки и оставете ги неколку минути додека семките постанат желатинозни. Потоа испијте го напитокот.

Ви предлагаме да прочитате: Чиа семе за здравје во иднина.

Сподели: