Новогодишната ноќ ќе ја поминете во домашна атмосфера во друштво со пријателите? Сѐуште размислувате какви јадења да подготвите и да спремите богата трпеза? – Имаме одлична идеја! Направете празнична месна даска која ќе ги задоволи сите гурмански вкусови.
Празничниот период е идеален за дружби со семејството и пријателите. Токму за ваквите пригоди, ви предлагаме да направите месна даска на која ни еден гурман не може да одолее. А за да биде во склоп со новогодишните и божиќните празници, препуштете и се на фантазија и декорирајте ја со празнични мотиви по ваша желба и со љубов.

Состојки:
- околу 1,5 кг свинска коленица од Агриа
- колбаси по избор од Агриа
- 800 г кромид
- 2 чешниња лук
- 1 компир
- 200 г сланина
- 4 моркови
- 2 корени пашканат
- 1 киска магдонос
- 1 целер
- 2-3 ловорови листови
- 1 лажичка црн пипер во зрно
- 1 лажичка мелена црвена пипер
- 1 лажичка лута мелена црвена пипер по желба
- сол по вкус
- 300 г зеленчуков бујон
- сало од Агриа по потреба (или масло по желба).
Подготовка:
- Зеленчукот исчистете го и измијте го. Свинската коленица убаво измијте ја и ставете ја во подлабок сад за варење. Прелијте ја со доволна количина вода за да ја прекрие коленицата.
- Ставете го садот на оган да зоврие. Непосредно пред вриење, отстранете ја пената од површината. Дел од зеленчукот исечкајте го и додајте го во садот со месото (1 главица кромид, 2 моркови, 1 корен од пашканат, по малку магдонос и целер, 2 чешниња лук и 1 компир). Зачинете и додајте ги ловоровите листови.
- Оставете да се вари околу 1 час, додека месото малку омекне.
- Во меѓувреме направете сосот од преостанатиот зеленчук и сланината. Кромидот и сланината ситно исечкајте ги и кратко пропржете ги. Потоа, додајте ги исечканите корен од пашканат, магдоносот, целерот и морковите. Зачинете по вкус, додајте мелена црвена пипер и динстувајте ги зеленчуците со повремено додавање бујон.
- Откако свинската коленица ќе омекне извадете ја од садот и ставете ја врз динстуваниот зеленчук. Додајте малку од течноста во која се вареше и ставете ја во претходно загреана рерна да се пече околу 40 минути, во зависност од рерната. Кога месото ќе добие убава боја извадете ја тавата од рерна.
- Во грил тава на оган, пропржете ги колбасите од сите страни.
- Подготвената свинска коленица, колбасите и динстуваниот зеленчук во сос, сервирајте ги на даска. Послужете дополнителни сосови по желба, декорирајте и забавата може да започне!
Наша препорака:
Ништо не е невозможно со добра идеја и квалитетни намирници, зарем не?! – Веруваме дека нашиот предлог за празнична месна даска ќе ви се допадне на сите. А кога станува збор за квалитетно и свежо свинско месо наш прв избор се Агриа! Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо. А во нивната палета, освен свинско месо ќе најдете скараџиски, селски, домашни, барени колбаси, како и различни месни преработки кои дополнително ќе ја збогатат оваа празнична даска. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

И за крај, уште еден предлог за празничаната трпеза: Похувани палачинки со фил од мелено месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан рецепт.