Нека биде празнично и весело! Здравата храна нека биде сервирана и за време на убавите Новогодишни и Божиќни празници. Внесете радост на трпезата со вкусната празничната свежа салата – Божиќен венец.
Нема потреба да трошите многу пари, а ќе добиете вистинска празнична еуфорија за целото семејство. Послужена со кремаст бел сос за идеално доживување! Оваа убава салата ја приготви и ја фотографира нашата уредничка Марија Кочовска за новиот број на списанието Добра храна. Деталната подготовка прикажана преку фотографии погледнете ја на нашиот инстаграм профил.

Состојки:
- ¼ до ½ зелка
- 1 мала краставичка
- 1 поголема пиперка
- 10 шери домати
- свеж магдонос.
За сос:
- 100 мл кисела павлака
- 1 лажица мајонез
- сок од ¼ лимон
- хималајска сол
- оригано
- мелен црн пипер.
Подготовка:
- Зелката ситно изрендајте ја. Краставичката исечете ја на мали кругови.
- Пиперката пресечете ја на половина. Од едната половина со помош на метален калап исечете мали ѕвезди. Од другата половина со помош на нож исечете панделка.
- Во мал длабок сад ставете ги киселата павлака, мајонезот, сокот од лимон, посолете по вкус и зачинете со оригано и мелен црн пипер. Сосот сервирајте го мал сад.
- Во поголема чинија на средината ставете го сосот, а потоа странично наредете ја ренданата зелка.
- Врз зелката ставете ги ѕвездите од пиперка, доматите и сечканите кругови – сите тие се симбол на лампиони.
- На крај во долниот дел ставете ја панделката од пиперката. Празничната свежа салата послужете ја веднаш и уживајте во фантастичниот вкус со „Сѐ за храна“!
Ви предлагаме да прочитате: 20 новогодишни декорации за домот и трпезата.