празнични венци со цимет и портокал

Празнични венци со цимет и портокал

Продолжуваме со најубавите празнични рецепти! Овој пат ви предлагаме да ги пробате празничните венци со цимет и портокал, по испробан рецепт од кујната на Лана.

Можеби на прв поглед, подготовката изгледа дека е комплицирана, но тоа не е така. За најуспешен резултат, погледнете ги фотографиите објавени на блогот Kuhinjica Mignone.

празнични венци со цимет

Состојки:

  • 500 г брашно
  • ½ коцка свеж квасец
  • 80 г путер
  • 2 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 1 јајце
  • рендана кора од лимон или портокал
  • 250 мл млеко
  • 1 јајце за премачкување.

За фил:

  • 100 г шеќер
  • 100 г путер
  • 2 лажички путер
  • мелени бадеми по желба.

Подготовка:

  1. Квасецот разматете го во половина чаша топло млеко. Во млекото додајте мала лажичка шеќер и брашно. Измешајте за да се добие хомогена смеса и оставете го садот на топло место за да нарасне квасецот.
  2. Во длабок сад за месење ставете ги брашното, шеќерот, малку сол, нараснатиот квасец, растопениот путер, јајцето и ренданата кора од лимон или портокал. Замесете меко тесто со постепено додавање на млеко. Добро измесеното тесто покријте го со кујнска крпа и оставете го да одмори околу 20 минути.
  3. Потоа, тестото поделете го на 4 делови и формирајте топки. Од секоја топка со помош на сукало, исучете правоаголна кора. Кората премачкајте ја со путер (на собна температура). Шеќерот измешајте го со циметот и обилно поросете ја секоја кора. Притоа имајте на ум, дека филот треба да го искористите за сите 4 кори. Кората завиткајте ја во форма на ролат, а потоа со остар нож исечете ја по должина. Од двата делови на кората сплетете плетенка, а потоа формирајте круг. На овој начин направете уште 3 венци.
  4. Венците наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со изматено јајце и по желба поросете го со шеќер. Оставете ги да нараснат уште 10 минути, додека се загрее рерната. Печете ги во загреаната рерна на 200 степени за време од 20 – 30 минути, додека поруменат. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Празнична плетенка – венец со суво грозје.

Сподели: