Пред или на крајот на готвењето: Еве кога треба да се посолат гравот, тестенините и оризот

Готвењето може да преставува права наука, особено за оние кои не знаат да ги користат зачините, а солта е еден од најважните зачини во секоја кујна. Секоја намирница се разликува сама по себе и затоа е важен индивидуалниот пристап при солење. Дознајте кога треба да се посолуваат гравот, тестенините и оризот, за да направите јадења кои ќе бидат уште повкусни.

Солта е основна состојка на секое јадење. Таа го подобрува вкусот и го намалува времето за приготвување на храната. Но, за да приготвите највкусно јадење треба да знаете дали храната се посолува на почетокот или на крајот од готвењето.

солење на храната

Солење на јадења со грав

Постојат несогласности околу тоа кога солта треба да се додаде за време на варењето на гравот. Традиционалните верувања кажуваат дека ако се додаде сол на почетокот на варењето се забавува термичкиот процес, па на гравот му е потребно повеќе време да се свари, а на крајот може да биде тврд. Некои готвачи веруваат дека солта може да го забави или забрза готвењето. Ако прашате некој искусен готвач кога треба да се посоли гравот, ќе ви каже на крајот, кога гравот започнува да омекнува во водата. Овој совет е исправен и се сложува со кујната на нашите баби, па гравот секогаш солете го штом забележите дека е варен.

Солење на тестенини

Кога се во прашење тестенините, солта секогаш се додава на почетокот, односно во тенџерето со водата во која ќе ги варите тестенините. Тестенините за време на варењето примаат вода за да омекнат. За време на варењето во солена вода, тестенините ќе ја впијат солта, а ќе имаат и подобар вкус. Ако пробате да ги посолите после варењето, ќе забележите дека нема да го имаат истиот вкус. Во тенџерето со вода додајте една лажица сол, а тестенините од тоа ќе примат мала количина. Покрај солењето, треба да ја знаете техниката за подготовака на совршени шпагети.

Солење на јадења со ориз

Слично како тестенините, оризот го посолуваме на почетокот за да ја апсорбира солената вода при термичката обработка. Разликата е во тоа што за оризот е потребна помала количина на сол. Но, постои уште една причина за тоа. Оризот во текот на варењето се формира во леплива смеса. Ако солта ја додадеме по готвењето, кристалите нерамномерно ќе се залепат, па секое залче ќе има различен вкус. А ако готвите ориз или тестенини, не фрлајте ја водата. Еве зошто!

Ви предлагаме да прочитате: Која е најздрава: морска, калиумова или хималајска сол?

Сподели: