Црвеното месо е храна која можете да ја подготвите на стотици начини. Ви се случило ли да купите убаво парче месо, а кога сте го подготвиле, тоа станало тврдо или суво? – За да не биде тоа така, ви препорачуваме да ги примените нашите неколку едноставни совети за подготовка, кои секое црвено месо ќе го претворат во меки, сочни и вкусни залчиња.
Дали го маринирате месото пред подготовка? Што додавате и кои зачини ги користите? – Во продолжение ви откриваме кои намирници го подобруваат вкусот на црвеното месо.
Може да ве интересира: Што е маринада и како се користи за маринирање на свинско месо?

Јаболко, ананас или круша – одлични за печење и динстување
Овие намирници се сојузници во печењето и динстувањето на црвеното месо. Сѐ што треба да направите е да го излупите овошјето и да го наредите врз месото додека се приготвува. Овошните киселини ќе го омекнат месото и ќе го направат уште повкусно.
Лимон – за брзо маринирање
Лимонот е одличен за подготовка на црвено месо. За да бидете сигурни дека месото ќе биде меко и вкусно, месото премачкајте го со сок од лимон. За разлика од некои маринади кои треба да делуваат преку ноќ, сокот од лимон делува многу побрзо. По 30-тина минути, месото ќе биде спремно за готвење.
Јаболков оцет – за меко и сочно месо
Маринадата со јаболков оцет влијае на вкусот на месото и ќе го направи помеко и посочно. Во сад измешајте ситно сечкан кромид и јаболко, а потоа додајте маслиново масло и една лажица јаболков оцет. Месото премачкајте го со маринадата и оставете го во фрижидер преку ноќ, а следниот ден подгответе го по желба.
Наша препорака за вкусно месо:
Сите овие совети ќе функционираат и ќе ви бидат од корист ако користите свежо и квалитетно месо од проверени производители. За да бидете сигурни дека ќе изберете месо со врвен квалитет, ви предлагаме да ги посетите месарниците на Агриа. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Месото е со врвен квалитет, пријатен мирис и вкус, а тоа се должи на принципот од „нива до трпеза“. Посетете ги нивните месарници ширум земјата или побарајте го нивното месо во Тинекс и Рамстор маркетите.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 најчести грешки кои ги правиме при пржење на месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.