И, додека едни се помируваат со стареењето, други се обидуваат да го сочуваат својот младешки изглед на кожата. А кој ни би сакал да биде вечно млад? На многу лесен и едноставен начин сами направете си природен крем против брчки од само 2 состојки.
За жал, магичен крем против стареење не постои. Но затоа, постојат многу висококвалитетни козметички производи кои ја хранат и интензивно ја хидрираат кожата, со што се намалува процесот на стареење. Со самото тоа, се спречува и настанувањето на нови, а се намалуваат и веќе постоечките ситни брчки. Ваквите кремови најчесто се многу скапи, па затоа ние имаме природна алтернатива за вас која нема да ве чини речиси ништо.
Како да направите крем против брчки од 2 состојки?
Знаејќи дека нашата кожа е многу нежна и со годините брзо ја губи својата еластичност, што е причина за првите брчки, споделуваме нешто за помош. Брчките најпрво се појавуваат околу очите и многумина не се помируваат со нив, иако се неизбежен дел од процесот на стареење. Овој домашен крем е природна помош. За кокосовото масло и неговите благодети за кожата сме зборувале многу пати и со право може да се каже дека тоа е непроценливо за таа намена. А, етеричното масло од темјан е многу ценето во козметиката поради неговата регенерирачка моќ, природниот лифтинг ефект кој го поседува и способноста за корекција на ситните брчки. Ова масло има сладок и длабок мирис кој го подобрува расположението и опушта. Освен тоа, помага при анксиозност, депресија, нервна напнатост, главоболки и несоница.

Состојки:
- 1/5 лажица кокосово масло
- 2-3 капки етерично масло од темјан
Подготовка и начин на употреба:
- Во мал сад измешајте од двата видови на масло.
- Мешавината од масла се нанесува на чисто и суво лице во областа околу очите. Маслата нежно се втриваат во лицето со врвовите од прстите. Притоа, може и да се измасираат сите делови од лицето кои се зафатени со брчки.
- Кремата се нанесува 2 часа пред спиење и не се измива.
Совет плус: Кремот покрај употребата за областа околу очите, може да се користи и за нега на целото лице и деколтето. За таа цел може да си направите поголема количина која ќе ја ставите во добро затворена стаклена тегла. Вака приготвениот крем се препорачува да го чувате во фрижидер.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен крем за околу очи од кокосово масло со витамин Е.