Домашен крем за околу очи од кокосово масло со витамин Е

Добрите кремови за околу очи најчесто се многу скапи, затоа што тие содржат активни супстанции кои ги ублажуваат брчките и темните кругови. Но, наместо да трошите многу пари, направете си домашен крем за околу очи од кокосово масло. Ви претставуваме супер рецепт кој ги ублажува овие проблеми, а се подготвува за само 5 минути. Па така, со употребата на овој домашен крем за околу очи секогаш ќе изгледате свежи и одморени, а сигурно за неколку години помлади.

Оние кои го пробале рецептот тврдат дека овој крем по резултатите може да се спореди со некои од најскапите и најценетите кремови. Интересно е што за неговата подготовка ви се потребни само две моќни состојки и можете да го направите многу лесно во домашни услови. Кокосовото масло кое се користи за негова подготовка изобилува со антиоксиданси кои го обновуваат ткивото на кожата и помагаат во неговото заздравување. Витаминот Е најчесто се содржи во сите производи за нега на кожа на лице и тело, а тоа е така затоа што тоа има антиоксидансно дејство и ја заштитува кожата од штетните УВ зраци. На тој начин овој витамин ја прави кожата да изгледа помлада.

домашен крем околу очи

Состојки:

  • 30 грама екстра девствено, органско кокосово масло
  • 1 ампула или 4-5 капки масло со витамин Е.

Подготовка:

  1. Во мала чиста тегла ставете го кокосовото масло. Бидејќи, екстра девственото, органско кокосово масло е во цврста состојба, теглата ставете ја во тенџере со врела вода за да се растопи и стане течно.
  2. На ампулата со витамин Е направете мал отвор и нејзината содржина додајте ја во теглата со кокосово масло. Доколку имате органско масло витамин Е, тогаш доволно ќе биде да додадете 4-5 капки од истото. Но, и доколку не се придржувате точно до овие мерки нема да погрешите, бидејќи од овие состојки секако нема да имате штета туку само корист.
  3. Двете масла промешајте ги со помош на дрвена лажичка и вашиот крем е спремен за употреба.

Начин на чување и употреба:

  1. Кремот можете да го чувате во фрижидер или пак на собна температура. Без разлика на дали е во течна или цврста состојба, ефектот и во двата случаи ќе биде ист.
  2. Овој крем се нанесува два пати на ден, на чиста кожа во мали количини. Се впива многу брзо, па не треба да се плашите дека вашето лице ќе биде масно и сјајно.

Совет плус: Доколку сте алергични на витамин Е, можете да користите само кокосово масло. Ефектот ќе биде малку намален, но сепак сличен.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен крем за отстранување на лузни од лицето.

Сподели: