Со денешниот начин на живот и седечка работа, скоро и да не постои човек кој нема ваков проблем. Многу добро знаеме дека половината е носечки столб на телото и нејзиното здравје е од клучна важност. Токму затоа, често и посветуваме внимание на оваа тема и во оваа прилика споделуваме природен руски лек против болки во половината и зглобовите.
Станува збор за природен препарат и лек кој може да помогне во одржување на здравјето на зглобовите во добра состојба, како и да ги намали и отстрани болките кои се пропратна тегоба.
Може да ве интересира: Што се полинезаситени масти, за што се корисни и кои намирници се богати со нив?

Состојки и потребни материјали:
- 300-400 гр лук
- 1 поголема тегла
- 1 литар нерафинирано ладно цедено сончогледово масло (може да го купите преку онлајн продавницата на Фила, поголемите маркети и продавници за здрава храна).
Подготовка:
- Лукот исчистете го и ситно исечкајте го или притиснете го со алатка за ситнење на лук.
- Ставете го во чиста тегла и прелијте го со квалитетно ладно цедено сончогледово масло, а по желба може да искористите и друго ладно цедено масло. Целосната палета на ладно цедени масла може да ја погледнете тука.
- Затворете ја теглата и оставете ја да стои на темно место на собна температура, за време од околу 2 недели. Не заборавајте секојдневно да ја затресувате содржината во теглата.
- На крај, ќе добиете масло од лук кое треба да го процедите преку 3-4 слоеви газа или најмалку 2 пати преку цедилка.
Начин на употреба:
- Лекот се втрива на болните места, на пример, на долниот дел на грбот („крстот“) при остеохондроза, болки во грбот или болни зглобови на рацете и нозете при артроза.
- Болното место се покрива со најлонска кеса или фолија и се остава преку ноќта. На рацете може да користите ракавици, а на нозете чорапи.
Овој лек, бидејќи е на база на лук, ја подобрува циркулацијата на крвта кај болните зглобови и помага за воспоставување на нивните функции. Терапијата би требало да ја применувате околу 2 месеци. Доколку сметате дека има потреба, консултирајте се со вашиот лекар.
Ви препорачуваме да прочитате: Руски рецепт за домашна маст против болки во зглобовите.