природна маст од ориз за подмладување на раце

Природна маст од ориз за подмладување на раце

Имајќи предвид дека трагите на стареењето најпрво се забележуваат на рацете, ви препорачуваме нивна секојдневна нега, а сега тоа може да го правите во домашни услови со природна маст од ориз која придонесува за подмладување на рацете.

Кожата на рацете е најтенка и тие се најмногу изложени на сончевото зрачење, па воопшто не е чудно што првите знаци на старост, пигментација на кожата, брчки и флеки се појавуваат токму на рацете. Нивната појава може да се случи многу порано од појавата на брчки на лицето. Ако сакате да имате убави раце, негувајте ги со природна маска од јогурт и лимон, или пробајте ја оваа природна маст од ориз која помага за освежување на кожата на вашите раце.

природна маст од ориз за подмладување на раце

Состојки:

  • 50 гр сварен бел ориз
  • 1/2 лажица нектар/сируп од агаве (го има во подоброснабдените продавници за здрава храна)
  • 1/2 лажица свежо цеден сок од лимон.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Сите состојки ставете ги во блендер, кој се смета за најефикасна опција, а доколку немате, можете да искористите и рачен миксер.
  2. Добиената природна маст за раце, со помош на кружни движења нанесете ја на чисти раце.
  3. Оставете ја да делува 5-10 минути, па измијте ги рацете со млака вода, избришете ги и нанесете хидратантна крема со заштитен фактор.

Третманот со природна маст од ориз е најдобро да се нанесува навечер, пред спиење, а може да го применувате секоја втора вечер.

Сподели: