Природна паста од 2 состојки за чистење на бигор

Ако живеете во место каде што водата е тврда, сигурно се соочувате со појава на бигор. Бигорот може да предизвика бројни проблеми, почнувајќи од непосакуваната ’рѓа околу мијалникот, кадата и чешмите, па се до целосно затнување на цевките. Доколку ви се затнати цевките, најдобро е да побарате професионална помош од водоводџија. А, ако станува збор за обичен бигор во кујната и тоалетот, не ви се потребни многу време и пари. Направете ја природната паста од 2 состојки за чистење на бигор.

Наместо да купувате скапи производи за чистење на бигорот кои содржат многу хемикалии, пробајте да ја исчистите кујната или тоалетот со состојки кои редовно ги имате во домот. Па, ајде да почнеме.

чистење на бигор

Состојки:

  • оцетна киселина
  • кујнска сол.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во длабок сад ставете една или две лажици сол. Количината на сол е во зависност од површината која планирате да ја чистите.
  2. Во садот додајте оцетна киселина и измешајте. Потребно е да формирате паста.
  3. На местата кои сакате да ги чистите, ставете од пастата и исчеткајте го со четка. Оставете пастата да делува 15-20 минути.
  4. Потоа со помош на сунѓер или крпа исчистете ја пастата од деловите каде била нанесена. Вашата кујна или тоалет сега се блескави!

Совет плус: Ако имате проблем со лизгање на пастата на површината, натопете хартиена крпа во оцетна киселина и ставете ја на местото каде што претходно имате ставено од мешавината. За правење на пастата, наместо оцетна киселина, може да користите лимонов сок.

Ви препорачуваме да прочитате: 2 трикови за лесно чистење на бигорот од електричниот бокал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: