Доколку имате проблем со акни или со лузни кои настанале благодарение на нив, тогаш ви предлагаме да ја пробате оваа домашна и природна паста против акни и лузни. Се прави од куркума и босилек, а е одлична за да ги елиминира непријатностите со проблематичната кожа.
Оваа паста е навистина ефикасна во лечењето на акните, затоа што ги уништува бактериите кои ги предизвикуваат. Акните се едни од главните предизвикувачи на стрес и чувство на изолираност кај младата популација, особено кај тинејџерите. Сега благодарение на оваа паста која се прави лесно и едноставно може да се ослободите од овој проблем. Оние кои ја пробале тврдат дека резултатите се повеќе од задоволувачки.
Како да направите паста против акни и лузни од куркума и босилек?
Потребни состојки:
- 1 лажица паста од куркума
- ½ лажица паста од босилек
*Во подготовката е дадена насока како.
Начин на подготовка и употреба:
- Најпрво подгответе ги пастите од куркума и босилек. Најдобро е овие зачини да ги купите во облик на прав и истите да ги помешате со малку вода колку да добите густа паста.
- Вака подготвените пасти помешајте ги така што ќе ставите 1 лажица паста од куркума и ½ лажица паста од босилек.
- Пастата против акни и лузни користете ја еднаш во денот, така што кога ќе ја нанесите на лицето ќе ја оставите да дејствува околу 10 – 15 минути. Потоа исплакнете ја со млака вода.
- Доколку оваа паста ја користите редовно и секој ден, акните би можеле да исчезнат за 2 седмици.
Совет плус: Доколку може да ги најдете овие намирници во свежа состојба, резултатот би бил уште подобар. А, пастите ќе ги направите така што свежите растенија ќе ги гмечите во камен аван, додека истите се претворат во паста. За листовите од босилек подобро да ги изгмечите додајте малку врела вода.
Ви препорачуваме да прочитате: 2 природни третмани со лук против акни.