храна за чиста и здрава кожа без акни

Клучни фактори за чиста и здрава кожа без акни

Акните не се проблем кој ги засега само тинејџерите. Скоро 80% од луѓето се соочуваат со акни во одреден период од животот. И, иако многумина имааат среќа лесно да се справат и да си ја вратат убавината на кожата, има милиони луѓе низ светот кои се обидуваат да го најдат соодветниот продукт кој ќе им помогне да се задоволни со себе и да имаат чиста кожа без акни. Постојат голем број природни решенија, а едно од најважните е здравата исхрана.

Стресот, недостатокот на сон, токсините, лошата исхрана и хормоналната нерамнотежа се дел од причините поради кои се појавуваат акни. Но, ако не сте во состојба да се ослободите од акните за време на подолг период, голема е веројатноста главната причина да е погрешен начин на исхрана. Она што го јадете многу се одразува на изгледот и здравјето на кожата.

храна за чиста и здрава кожа без акни

Здравата исхрана е еден од клучните фактори во борбата против акните

Ако не најважно, може да се рече дека исхраната има огромно значење кај луѓето кои страдаат од акни. Различни прехранбени производи и супстанции можат да предизвикаат воспаление во ткивата и тоа да резултира со промени на кожата.

Во продолжение прочитајте што треба почесто да консумирате за да имате чиста и здрава кожа без акни:

  • Зеленчук, бобинки или чиста протеинска храна, која не предизвикува нагло зголемување на гликозата во крвта и зголемено производство на инсулин.
  • Јаткасти плодови. Недостатокот на некои минерали како што се цинк и селен, се поврзува со појавата на акни кај некои лица. Семките од тиква и бразилските ореви се добра и здрава ужина која ќе ви помогне во борбата со акните. Селенот помага за зголемувањето на бројот на белите крвни клетки во телото и ја зајакнува нивната одбранбена моќ. А, од додатоците во исхраната со селен кои се достапни кај нас, го препорачуваме Selenium од Now Foods. Тој, во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, претставуваат моќни антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетување, стареење и нивна смрт.
  • Витаминот Е во поголеми количини го има во бадемите, кикириките, сончогледовите семки, брокулата и маслото од растително потекло. Овој витамин е најважна хранлива состојка во борбата против акни. Од додатоците со витамин Е, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Sun E од Now Foods. Витаминот Е е моќен антиоксидант кој го штити организмот од слободните радикали и има корисен ефект врз сите состојби придружени со зголемен оксидативен стрес.
vitamin E
  • Здравите масти се од витално значење за здравјето на кожата и борбата против акните. Затоа, во вашата исхрана внесете намирници богати со омега-3 масни киселини, како што се кокосово масло, чиа и ленено семе.
  • Намирници богати со витамин Ц. Витаминот Ц помага во производството на колаген, а колагенот ја подмладува кожата и ја одржува цврста и затегната. Од додатоци со витамин Ц, кои се достапни кај нас го препорачуваме AplhaSorb-C од Now Foods. AlphaSorb-C од NOW Foods е супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц.

Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на гореспоменатите витамини и минерали, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk. Додатоците во исхраната се достапни и во поголемите аптеки низ земјата.

Која храна треба да ја избегнувате ако имате проблем со акни?

  • За чиста и сјајна кожа без акни, треба да се избегнува храна која содржи хидрогенизирани масла, глутен, шеќер и млечни производи од конвенционално производство.
  • Избегнувајте алергени. Откријте дали сте преосетливи на алергени како што се глутен, јајца, лактоза и разни хемиски адитиви. Нетолеранцијата кон одредена храна е особено изразена ако страдате од синдром на надуен стомак.
  • За луѓето кои страдаат од акни, покрај промена на начинот на исхрана, се препорачува и редовно чистење на телото од токсини – детоксикација. Може да ве интересира: Детоксикацијата е клуч за полесен живот – зелено детокс смуди.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Зошто е потребно да внесуваме селен?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: