Природни чаеви со ким кои ќе ви помогнат при гасови во стомакот

Гасовите во стомакот се многу чести, но и многу непријатен проблем со кој се соочуваат сите, особено повозрасната популација. Но, за среќа постојат природни решенија кои ќе ви помогнат при гасови во стомакот. Ви претставуваме два чаеви со ким кои се ефикасни и лесно може да се направат.

Причините за појава на гасовите може да бидат различни, од лошо варење на храната, прејадување, зачинета храна, дехидратација, па до мала физичка активност.

чаеви со ким против гасови во стомакот

Надуеноста може да доведе до болки во долниот дел на стомакот, гадење… За среќа постојат природни лекови со кои може едноставно и лесно да го решите овој проблем.

Кимот претставува добар извор на железо, манган, како и други витамини и минерали. Некои истражувања покажуваат дека може да го стимулира производството на панкреасните ензими и да помогне во варењето на храната. Причитајте повеќе за кимот како зачин и лек за здравствени проблеми.

Ладен чај од ким против гасови во стомакот

Семките од ким се супер природен лек кој одамна се користи за стомачни проблеми. Едноставно земете една мала лажичка семки од ким, истолчете ги, па потурете ги со чаша ладна вода. Ладниот чај од ким пијте го по потреба.

Топол чај од ким

Овој чај се прави така што се земаат 2 до 3 мали лажички ким и се варат со 2 до 3 чаши вода. Штом водата ќе зоврие, чајот се трга од огнот. Од чајот се пие по ¼ чаша по оброк, кој може да ви предизвика гасови.

Ви предлагаме да прочитате: Ослободете се од надуеност и гасови во стомакот.

Сподели: