Направивме супер комбинација за утринско смуди кое ќе ви даде енергија, а воедно ќе го нахрани вашиот организам со многу хранливи состојки. Ова протеинско смуди со боровинки ќе ве засити и освежи. Освен тоа може да ви помогне за намалување на килограмите или одржување на витката линија на телото.
Подготовката е брза и едноставна, а на вас останува да ги набавите состојките и да си приготвите овошен еликсир. Од наведените состојки ќе добиете две чаши смуди, па по желба може да ги намалите или зголемите состојките.

Состојки:
- 1 чаша изладен зелен чај
- 1 чаша незасладено кокосово млеко (може да го направите сами од кокосово брашно)
- ½ чаша свежи или замрзнати боровинки
- ½ чаша млад спанаќ
- 2 лажици мелено ленено семе или чија семе
- 1 лажица кокосово масло
- 2 лажички стевија во прав
- ½ мала лажичка мелен цимет
- 8 коцки мраз.
Подготовка:
- Во блендер ставете ги изладениот чај, кокосовото млеко, боровинките, спанаќот, меленото ленено семе, маслото, стевијата, циметот и мразот. Миксирајте додека се добие хомогена смеса.
- Готовото протеинско смуди со боровинки ставете го во две чаши и послужете го веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Протеинско смуди со јагоди и кокос.