храна за подобра функција на тироидната жлезда 1

5 намирници за подобра функција на тироидната жлезда

Имате потешкотии со работата на штитната жлезда? Не знаете што да преземете? – Започнете од исхраната. Постојат намирници кои може да помогнат за подобра функција на тироидната жлезда. Па, ако имате хипотироидизам, еве кои 5 намирници треба да ги вметнете во исхраната.

Најпрво да споделиме неколку основни корисни информации за општо знаење. Тироидните хормони се есенцијални за регулација на нивото на енергија, метаболизмот, телесната температура, расположението, пулсот и крвниот притисок. Притоа, ако тироидната жлезда не произведува доволно хормони, станува збор за состојба наречена хипотироидизам. Оваа состојба може да влијае на телото на негативен начин и да направи да се чувствувате слаби.

храна за подобра функција на тироидната жлезда 2

Млечни производи

Млечните производи како што се јогурт и млеко, содржат јод. А, на тироидната жлезда ѝ е потребен јод за да се спречи нејзино зголемување, познато како гушавост. Послужете се со нискомаслен јогурт за да го надополните недостатокот на јод.

Свежи јајца

Јајцата содржат здрави количини на јод и селен. За најголеми здравствени придобивки, внесувајте цели јајца, односно и белка и жолчка. Жолчката содржи најмногу нутриенти.

Печена морска риба

Рибата е богата со омега 3 масни киселини и селен. И двата нутриенти помагаат во намалување на воспаленија. Испечете лосос, бакалар или друга морска риба и внесете ја потребната количина од овие две хранливи состојки.

Солени јаткасти плодови

Бразилски ореви, макадамија и лешници се одличен извор на селен кој ја поддржува работата на тироидеата и нејзиното здравје. Спакувајте малку од нив и грицкајте преку целиот ден, ако изберете да јадете бразилски ореви количината ограничете ја на 3 дневно.

Печени морски алги

Како што спомнавме ио погоре, јодот е минерал (елемент во трагови) потребен за нормална функција на тироидната жлезда. Морските алги, како што се келп, нори и вакаме се природно богати со јод.

Препорака плус од нас:

Како дополнителна помош за подобра функција на тироидната жлезда, покрај исхраната, се препорачува природен додаток на исхраната. Наша препорака е Potassium plus Iodine од NOW. Калиум јодид (KI) е соединение кое содржи јод, хранлива состојка неопходна за нормална функција на тироидната жлезда. Јодот, во форма на јодид, е составен дел од тироидните секрети кои го регулираат клеточниот метаболизам и производството на енергија. NOW® Potassium plus Iodine обезбедува и калиум, минерал кој е неопходен за одржување на здрава рамнотежа на вода и електролити, како и pH на целото тело. Potassium plus Iodine претставува исхрана за здрава функција и поддршка на работата на тироидната жлезда. Дополнително, ја поддржува и рамножетата на електролитите. Се препорачува да се зема по 1 таблета дневно Potassium plus Iodine со храна. Производот е наменет за вегани и вегетаријанци и не содржи ГМО.

Potassium plus Iodine тироидна жлезда

NOW® Potassium plus Iodine може да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна доатава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: 7 знаци на нарушена функција на тироидната жлезда.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: