Во последно време се појави „мода“ да се избегнува пченицата во исхраната, но оваа житарка е сепак една од основните намирници на нашата планета, ако не и најважна и најкористена житарица во светот. Токму затоа сметавме дека е добро сепак да споделиме неколку информации за хранливоста на пченицата, а секако на вас останува одлуката дали ќе ја јадете или не.
Цело зрно од пченица е богат извор на витамини и минерали. Содржи витамини од Б комплексот, бета каротен, витамин Е, калиум, калциум, магнезиум, фосфор и железо. Пченицата содржи поголема количина на протеини од сите останати житарици. Масните материи се наоѓаат во клиците, а минералните во обвивката на зрното, така да најголемата здравствена корист може да се искористи само ако се консумира цело зрно.

Комбинирањето на пченицата со мешунки овозможува оброк со поголема биолошка вредност. Добро е да знаете дека редовна употреба на варена пченица делува превентивно во спречување на запек, хемороиди, како и рак на дебело црево. Во врска со хранливата вредност, треба да знаете дека 100 грама пченица содржи 351 калорија, 13 грама протеини, 2.5 грама масти и 70 грама јаглени хидрати.
За крај, ќе ви препорачаме дека секоја храна кога се употребува умерено е добра и корисна, а кога би претерале, веројатно е дека може да биде штетна. Тука би ставиле акцент на тоа дека ако имате некаква алергија на одредена храна, како што тоа може да е алергија на глутен, тогаш е најдобро да се консултирате со вашиот лекар за третирањето, како и да ја избегнувате храната која ви причинува потешкотии, како што е пченицата во таков случај.
Ви препорачуваме да прочитате: 10 знаци дека имате интолеранција на глутен.