Вкусот на резанци со фил од мелено месо е одличен и ќе уживате. Ова е брзински рецепт за оние кои сакаат брзо и вкусно да јадат, а не обожаваат да месат. Потсетува на зелник, пробајте го.

Состојки:
- 4-5 страка праз (само белиот дел)
- 500 гр мелено месо
- 1 лажица црвен пипер
- мешан сув зачин, црн пипер, оригано, сол, по вкус
- 2 јајца
- 400 гр резанци.
Подготовка:
- Ставете вода да врие на оган и зовријте ги резанците.
- Белиот дел од празот ситно исечкајте го, а потоа во тава со малку масло испржете го.
- Додадете го меленото месо и пржете додека испари течноста од него.
Откако убаво ќе се испржи, додадете го црвениот пипер и зачините по вкус. - На крај скршете ги јајцата, брзо промешајте и филот е готов.
- Може да го сервирате врз веќе наполнетите чинии со резанци или пак, едноставно да го измешате заедно со нив и потоа да сервирате.
Едноставен и брз начин да добиете вкусно јадење. Вака припремените резанци со фил од мелено месо ги одобрија повеќе наши дегустатори од различни генерации, па не се двоумете и пробајте ги во првата погодна прилика. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.