Рецепт за италијански популарната паста Арабијата

Можеби сте слушнале за паста Арабијата, но ајде да ве запознаеме малку подобро. Паста Арабијата претставува традиционално италијанско јадење кое се приготвува со пене тестенини, домати, лук и крупни парчиња сушена пипер (која е слична на нашата буковска пипер).

Начинот на подготовка и состојките се едноставни, па зошто да не пробате да го направите ова вкусно јадење во својот дом? Ви гарантираме одличен вкус и дегустација на италијанската кујна, но овој пат, приготвена лично од вам.

паста арабијата

Состојки:

  • 300 грама пене макарони
  • ¼ чаша маслиново масло
  • сол и црн пипер по вкус
  • 3 чешниња ситно сечкан лук
  • 750 грама домати од конзерва
  • ½ лажичка буковска пипер
  • ½ лажичка италијански зачини (оригано, мајоран…)
  • 6 свежи листови од босилек
  • пармезан и листови босилек за декорација.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете вода да се вари. Штом водата зоврие додајте сол и ставете ги макароните да се варат. Варете ги согласно со упатството наведено на пакувањето, за време од 9 минути.
  2. Во меѓувреме, во голема тава на оган, на средно висока температура, ставете го маслото да се загрее.
  3. Во загреаното масло додајте го лукот. Пржете го минута до две.
  4. Потоа додајте ги сечканите домати, буковската пипер, зачините, мелен црн пипер и посолете по вкус. Оставете го сосот да се вари за време од 5 минути. Потоа, тргнете ја тавата од огнот и додајте го сечканите листови босилек.
  5. Варените тестенини исцедете ги и додајте ги во сосот. Измешајте ги и гарнирајте ги со рендан пармезан и босилек. Послужете ги додека се топли. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посни тестенини со доматно пире и босилек.

Сподели: