Руска мешана салата во тегли 1

Руска мешана салата во тегли

Еднаш се прави, а се јаде преку цела зима. Особено многу ќе ви се најде штом ви се најават гости, а немате време за подготовка на мезе. Всушност и нема некој кој не ја обожава добро познатата руска мешана салата.

Иако подготовката на оваа салата може да одземе малку повеќе време, целиот труд се исплаќа, затоа што после преку целата зима ќе имате вкусна салата. Навистина вреди да издвоите малку време и оваа година да имате руска мешана салата за зимница.

Руска мешана салата во тегли 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Морковите, краставичките, пиперките се мијат и се сечкаат на кругови.
  2. Зелката се ренда. Карфиолот се сечка.
  3. Зеленчукот се става во голем сад и се меша.
  4. Во тенџере на оган се ставаат оцетната киселина, водата, Брилијант маслото, солта, црниот пипер и шеќерот. Штом растворот зоврие, тенџерето се трга од огнот.
  5. Во садот со зеленчукот се додава солениот раствор, се меша убаво и се остава за време од 24 часа.
  6. Готовата мешана салата се собира во чисти стерилни тегли и се затвора добро. Се чува на ладно место. На здравје! Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Руска мешана салата во тегли 3

Ви препорачуваме да прочитате: Руска салата со Витанез.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: