Често се вели дека рибата одлично се комбинира со компири. Било да е пржена, печена или приготвена на скара, послужена со прилог од компири е прав избор за целото семејство. Токму оваа комбинација ни беше мотивација за новиот рецепт – крем салата со сурими ракчиња и компири.
Тајната за прекрасниот вкус се крие во Витанезот и сосот од рен кои ѝ даваат совршено кремаста текстура на оваа салата. Пробајте ја во првата прилика штом ви се најават гости или кога сакате да ги изненадите домашните. Идеална е како мезе на коктел забави, но и на било која друга собиранка или семејна прослава. Се прави лесно и брзо, а вкусот ќе ве воодушеви!

Состојки:
- 350 грама сурими ракчиња
- Брилијант масло по потреба
- 3-4 јајца
- 2 средни компири
- ½ млад кромид
- ½ чаша Витанез
- ½ лажичка сос од рен
- морска сол од Витаминка по вкус
- свежо мелен црн бибер од Витаминка по вкус.
Подготовка:
- Најпрво сварете ги компирите и јајцата, излупете ги, исечкајте ги на коцки и ставете ги во сад за салата.
- Во загреана тава со Брилијант масло ставете ги сурими ракчињата. Пропржете ги за време од 2 до 3 минути.
- Пржените ракчиња и кромидот исечкајте ги, па додајте ги во садот со компирите и јајцата.
- Потоа во салатата додајте ги мајонезот и сосот од рен, и добро измешајте. Посолете со морска сол и зачинете со мелен црн бибер. По вкус додајте поголема количина на Витанез.
- На крај декорирајте ја крем салатата со ливчиња свеж копар или магдонос. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Совет плус: Доколку сакате да ја направите во посна варијанта, јајцата заменете ги со кисели краставички, а за подготовка на салатата користете посен Витанез.
Ви препорачуваме да прочитате: Руска салата со Витанез.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.