Време е за малку поинаква и несекојдневна свежа салата со кисело млеко! Комбинација на свеж зеленчук и млечни вкусови која ќе ги израдува вашите сетила!
Одлична како предјадење, мезе или лесен оброк. Ќе ви се допадне сигурно. Ние зборуваме за вкусот од нашето искуство, бидејќи рецептов доаѓа токму од нашата кујна и задоволни од него радо го споделуваме со вас!

Состојки:
- неколку листови кинеска зелка или марула
- една помала или 1/2 краставица
- 50 гр сирење
- 1 морков со средна големина
- 14 јатки од орев
- 300 мл кисело млеко.
Подготовка:
- Листовите марула или кинеска зелка измијте ги и издробете ги на ситни ленти.
- Краставицата излупете ја и исечете ја на ситни коцки. Морковот излупете го и исечете го на ситни коцки исто така.
- Сирењето издробете го или изрендајте го.
- Оревите исечкајте ги и додајте ги во садот.
- Додајте го киселото млеко и измешајте ја салатата.
- Сервирајте ја свежа и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Салата со дајкон, морков и печен сусам.