Продолжуваме да истражуваме! Овој пат одлучивме подобро да се запознаеме со еден важен есенцијален минерал за нашиот организам – селенот. Придобивките од внесувањето на селен во телото се многубројни. Помага за детоксикација, го чува здравјето на срцето, корисен е за регулација на хормоните на тироидната жлезда… Во оваа прилика ве запознаваме со најзначајните 5 придобивки од селенот за кои можеби не сте слушнале.
Селенот е од голема важност за нормално одвивање на животните функции на организмот, а има бројни улоги во зачувување на здравјето. Во телото се наоѓаат мали количини од овој есенцијален минерал, па затоа е потребно да се внесува преку исхраната. Селенот го има во многу здрави намирници кои според докторите и нутриционистите треба да ги консумираме секојдневно.

Топ 5 здравствени придобивки од селенот
Како што веќе споменавме, овој есенцијален минерал има голема улога во одржување на доброто здравје и нормалната функција на организмот.
Се бори против инфекции
Селенот е природен антиоксиданс кој помага за формирање на клетките на имуниот систем. На тој начин значајно ја зголемува одбранбената способност на организмот да се бори со инфекции и други болести. Се смета дека е значаен минерал кој може да помогне при непријатни бактериски инфекции на кожата. Научните истражувања повразани со КОВИД-19 го препорачуваат селенот како минерал кој може да го зајакне имунитетот и да помогне во превенција од корона вирусот.
Повеќе за оваа тема прочитајте на линкот: Што е корона вирус (КОВИД-19), храна и суплементи за заштитата од грип и корона вируси.
Го чува срцето
Поради можноста да ја разредува крвта, селенот ја намалува опасноста од нејзино згрутчување. Помага во одржување на лошиот холестерол под контрола, па така е корисен за целокупното здравје на срцето, крвните садови и крвотокот. Селенот го намалува ризикот од мозочен удар.
Го забавува процесот на стареење
Како главен фактор кој го поттикнува стареењето е создавањето на слободни радикали. Слободните радикали ги слабеат клетките и предизвикуваат стареење на организмот. Селенот, како антиоксиданс има моќ да ги уништи овие слободни радикали и на тој начин го забавува стареењето.
Помага во исфрлување на тешките метали
Селенот ги врзува арсенот, оловото, живата, алуминиумот и кадмиумот и така ги исфрла од организмот. Ова дејство се зголемува ако истовремено се селенот се земаат манган, калциум, магнезиум и цинк. Како додаток во исхраната особено им се препорачува на пушачите.
Учествува во регулирање на хормоните на тироидната жлезда
Меѓу предностите на селенот се вбројува и подобрувањето на здравјето на тироидната жлезда. Тироидеата има голема важност во регулирањето на хормоните, а селенот е важен за нормална функција на оваа жлезда. Па, така селенот учествува во одржување на нивото на хормони. Бидејќи е активно вклучен во метаболизмот на хормоните на штитната жлезда, доколку е намалена нејзината функција потребен е поголем внес на селен. Доколку не е можно со храната да се обезбеди потребната количина, се препорачува да се зема селен во вид на суплемент. Ако имате проблеми со тироидната жлезда консултирајте се со доктор пред да одлучите да земете селен како додаток во исхраната.
Намирници богати со селен
Морската храна се вбројува меѓу најдобрите извори на селен. Исто така и храната од животинско потекло е добар извор на овој минерал. Намирниците кои се богати со селен се:
- туна, сардина, шкампи, лосос
- говедско, пилешко, мисиркино, јагнешко месо
- семки од сончоглед
- печурки
- јајца
- овошје
- зеленчук
- јаткасти плодови
- млеко
- сусам
- пивски квасец
- жито и житни производи.
Имате недостаток на селен? Еве кои суплементи се наша препорака
Дали имунитетот ви е намален, активен пушач сте или пак сакате да направите детоксикација? – Од суплементите со селен кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Selenium од Now Foods. Selenium од Now Foods претставува дел од антиоксидансите кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Во текот на метаболизмот се создаваат слободни радикали кои можат да доведат до промени во клеточните мембрани, а селенот учествува во апсорпцијата на овие слободни радикали со што ги спречува нивните дејствувања и развојот на многу болести. Дополнителна количина на селен се препорачува кај пушачи, вегетаријанци, спортисти, луѓе кои се на ниско калорични диети, кај лица со намален имунитет, лица кои се изложени на зрачење, долготрајна употреба на лекови кои го намалуваат холестеролот, таблети за контрацепција, лаксативи и алкохол.

Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на Selenium, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Совет плус: Доколку планирате да земате суплементи на база на селен, најпрво консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи прекумерната количина на селен може да биде токсична.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Селенот е есенцијален минерал во борба против неплодноста.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.