Семе од синап за зголемување на силата на мускулите и обемот на мускулната маса 1

Семе од синап за зголемување на силата на мускулите и обемот на мускулната маса

Во денешниот начин на живот најчесто го користиме во облик на сенф, а уште од далечното минато, од времето на Хипократ, растението на кое растело корисното семе од синап, било сметано за лековито. Има повеќе причини за тоа.

Семето од синап, исто како и ренот, кељот, брокулата и прокељот, припаѓа на фамијијата Brassicaceae. Неговата корист не е мала, затоа и треба да сме запознаени повеќе, па еве неколку информации.

Семе од синап за зголемување на силата на мускулите и обемот на мускулната маса  2

Антиканцерогени својства

Семките од синап содржат изотоцијаниди, а тоа се супстанции за кои е докажано дека го успоруваат и спречуваат растот на малигните тумори. Едно истражување, чии резултати се објавени во реномираното списание Carcinogenesis, покажало дека со соодветна примена оваа супстанца има способност да лечи рак на мочниот меур.

Антивоспалителни својства

Познато е дека семето од синап е одличен извор на антиоксиданси. Всушност, тоа содржи висока количина на селен и магнезиум, кои делуваат против воспаленија. Исто така, содржи значајни количини на калиум, калциум, фосфор, омега 3 и омега 6 масни киселини, а сите тие состојки се битни и важни за телото.

Ја зголемува мускулната маса

Хомобрасинолидот во состав на семето од синап, потврдено помага во зголемување на мускулната маса. Оваа компонента, налик на стероид, всушност го зголемува апетитот и го поттикнува внесот на храна, додека истовремено поттикнува раст на мускулите. Ова може да е важна информација за сите кои сакаат да развијат мускулна маса, или пак за постарите лица кои се загрижени поради намалувањето на мускулната маса. Едно истражување спроведено до Америчкото здружение за експериментална билогија, покажало дека анаболичкиот ефект на хомобрасинолидот, истовремено ја зголемува силата на мускулите и обемот мускулната маса.

Лековито дејство и употреба за лечење

Како што спомнавме и погоре, синапот има лековита моќ која се користи и денес. Се смета дека ублажува главоболки, настинки и симптоми на грип. Некои луѓе, го користат и за надворешни облоги за ублажување на болки во мускулите и зглобовите, па дури и како помош против воспалени бели дробови.

Покрај корисното лековито дејство, семето од синап е одлично како зачин, кој многу добро го знаеме сите, а тоа е сенфот. Сенфот е вкусен и хранлив, исто колку што е и основната суровина. Така, ако е направен на природен начин, од добро одгледано семе, тој е полн со хранливи материи и антиоксиданси, па носи добро на секој што го консумира.

Ви препорачуваме да прочитате: Магнезиум за силни коски и здрави мускули.

Сподели: