Ситни посни колачи 1

Ситни посни колачи

Превкусните ситни посни колачи можете да ги правите во било која свечена прилика и секогаш ќе ви ја красат трпезата! Состојките се лесно достапни на сите, не се комплицирани за изработка, а по желба може да ги декорирате дополнително.

Рецептот е идеја на нашата пријателка Лана, па ви препорачуваме да го пробате и да уживате.

Ситни посни колачи 2

Може да ве интересира: 7 лесни рецепти за посни визитарски колачи.

Состојки:

  • 250 суви смокви
  • 250 гр мелени ореви
  • 250 гр шеќер
  • сок и кора од 1/2 портокал
  • 50 мл чоколадо.

Подготовка:

  1. Во длабок сад на оган, ставете го шеќерот со 0.750 мл вода. Кога ќе проврие додајте ги измелените суви смокви и изренданата кора од непрскан портокал. Варете 5 минути и тргнете го садот настрана. Изедначете ја смесата.
  2. Кога смесата се изладила, со влажни раце обликувајте најпрво топчиња, а потоа долгунести форми кои наликуваат на урми. Редете ги врз намрсена чинија, за да не ви се залепат.
  3. Подгответе го карамелот за глазура. Ставете неколку лажици шеќер на тивок оган и мешајте додека добие боја на карамел. Тргнете го садот од ринглата.
  4. На дрвено стапче за скара, ставете едно од колачињата и потопете во карамелот, а потоа извадете го во рамна тацна или друг сад. Постапката повторувајте ја додека завршите со сите колачиња. Може да се јави потреба повремено да треба да го вратите садот на оган, затоа што со ладењето карамелот ќе се стврднува, а вас ви е потребен течен.
  5. По желба декорирајте и со стопено чоколадо, а и не морате.

Совет плус: во составот може да додадете и сечкани урми, а чоколадото во смесата можете да го изоставите доколку го правите чоколадна глазура.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни баунти колачи.

Сподели: