7 лесни рецепти за посни визитарски колачи

За скоро време ве очекува именден или куќна слава, па сте во потрага по рецепти за визитарски колачи? Вие сте на вистинското место! И ние сме биле во таква ситуација, па за да не трошите многу време пребарувајќи на интернет за рецепти за визитарски колачи кои се испробани, специјално ја креиравме оваа листа на рецепти од нашата кујна и кујните на нашите пријателки, па ја споделуваме со сите вас.

Сигурни сме дека ќе ви биде од голема корист и ќе ви олесни при потрагата за вкусни визитарски колачи, кои со сигурност ќе им се допаднат на вашите гости. Нема да ви е потребно големо кулинарско искуство, затоа што сите рецепти се едноставни и лесни за правење.

посни визитарски колачи

Чоколадни бомбици со лешници, рум и портокал

Рецептот за овие вкусни бомбици е од нашата кујна, многу е едноставен и лесен, а ќе ви бидат потребни само петанесеттина минути за да уживате во прекрасниот чоколаден кремаст вкус надополнет со освежителната арома на портокал и примамливиот мирис на рум. Рецептот за чоколадните бомбиците прочитајте го тука.

Посни Рафаело бомбици без маргарин

На љубителите на кокос, им предлагаме едноставен рецепт за подготвување на посни Рафаело бомбици, кои се подеднакво вкусни како и рафаело бомбиците кои се приготвуваат со млеко, и што е важно, не содржат маргарин! Рецептот за посните рафаело бомбици, прочитајте го тука.

Посни Сникерс бомбици без маргарин

Ако и вие сте дел од обожавателите на кикиритки и чоколадо, ви предлагаме да го пробате рецептот од нашата кујна за посни сникерс бомбици. Едноставно, лесно и без маргарин направете вкусни мали чоколадни колачиња кои совршено би се вклопиле на секоја трпеза. Рецептот за посните Сникерс бомбици, прочитајте го тука.

Посни бомбици со јаболка и јаткасти плодови

Доколку сакате да се заблажите, а тоа да биде посно и што помалку калорично, посните бомбици со јаболка и јаткасти плодови, по рецепт од Лидија се одличен избор за вас. Совршени за сладење со кафе, честење и разни убави поводи и прослави. Рецептот за овие бомбици, прочитајте го тука.

Посни бомбици со банани, кокос и чоколадо

Овие мали посни бомбици со банани, кокос и чоколадо, одлично се вкопуваат на трпезата за имендени, родендени и други куќни свечености. Рецептот е повеќе пати испробан во нашата кујна, лесен е за подготовка, а готовите бомбици со банани може да ги замрзнете и да ги користите по потреба. Рецептот за посните бомбици со банани, кокос и чоколадо, прочитајте го тука.

Бомбици од јаболка и рум со кокос

Овие фантастични бомбици од јаболка и рум имаат прекрасен вкус и доста се економични. Одлични се во секоја прилика, а многу лесно може да ги прилагодите состојките и да ги направите во посна варијанта. Рецептот за овие бомбици, прочитајте го тука.

Здрави бомбици со јаболка и цимет без шеќер

Ви се каснува нешто благо и вкусно, но се грижите за начинот на исхрана и бројот на калории? Имаме супер предлог кој го креиравме во нашата кујна за здрави бомбици со јаболка и цимет, кои се прават многу лесно, а не содржат шеќер. Рецептот за здравите бомбици, прочитајте го тука.

Ви предлагаме да прочитате: 17 најдобри рецепти за посни колачи и торти

Сподели: