slatko od tikvi 1

Слатко од тикви во форма на крушка

Овој прекрасен рецепт ни доаѓа од кујната на нашата редовна читателка Тања! Испробан е и лесен, па нема причина зошто не би пробале и ние дома да си направиме слатко од тикви и тоа баш оние слатките и вкусните, во форма на крушка.

Тања сподели со нас „Рецептот е малку сменет од оригиналот бидејќи порано го правевме од старите сорти тиква, оние округлите жолти, а инаку сега го правам со тие како крушка во форма од пазар.“ Па, драги пријатели, со воодушевување го споделуваме и ве покануваме да го пробате.

slatkood tikvi 2

Состојки:

  • 1 кг чистени парчиња од тикви
  • 3 кг шеќер
  • околу 600 мл вода + вода по потреба

Дополнително:

  • варова вода по потреба.

Подготовка:

  1. Се става водата и шеќерот малку да проврие. Доволно е да врие околу 5 минути.
  2. Потоа, се додаваат претходно припремените парчиња од тиква. Тиквата се мие, се лупи, се сечи и се става да стои во варова вода околу 1,5 час.
  3. Додека слаткото се вари, повремено се попрскува со ладна вода. Се вари додека стане стаклесто. Ако е добро погодено од парчето кога ќе се пресече или гризне истекува шербет.
  4. По желба, во слаткото може да се додаде и модар патлиџан и/или малку суво грозје. Доколку одлучите да ставате модар патлиџан, исто така се става во варова вода околу еден час, но за сметка на тоа се намалува од количината на тиква.

Рецептот го испратил: Тања Докузова.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашно слатко од тиква.

Сподели: