Лубеницата не е само освежувачка и вкусна, туку е и храна што содржи мал број на калории, а изобилува со витамини, особено А и Ц. Таа исто така содржи ликопен за кој некои студии тврдат дека има анти канцер ефект, особено врз органите на дигестивниот систем. Па, ајде да ја искористиме сезоната на лубеници која сега е во полн ек и ова лето здраво да слабееме и разладуваме со ова вкусно смуди од лубеница за слабеење.
Лимоновиот сок на ова смуди му дава освежителна нота и ја балансира блажината на лубеницата и бобинкастото овошје. Исто така, лимонот обезбедува дополнително ниво на антиоксиданси кои го подобруваат имуниот систем, ја подобруваат состојбата на кожата и имаат неверојатни придобивки за целокупното здравје.

Состојки:
- 2 чаши парчиња лубеница исечкана на коцки
- 1 лажица лимонов сок
- 1 чаша замрзнати јагоди, малини или некое друго бобинкасто овошје по ваша желба
- 6-7 коцки мраз
- 2 лажици мед по желба (доколку лубеницата не е доволна блага)
- ливчиња свежо нане за декорација.
Подготовка:
- Лубеницата исчистете ја од семкитe и исечете ја на коцки.
- Бобинкастото овошје добро измијте го и исчистете го од ливчињата доколку ги има.
- Од лимонот со помош на цедилка исцедете го лимоновиот сок.
- Потоа, со блендер измиксирајте ги сите состојки така што ќе добиете смуди.
- Доколку смудито не е доволно благо за ваш вкус, може да додадете 2 лажици мед по желба.
- Во чаши за сервирање додајте мраз и турете го готовото смудит од лубеница. Украсете со ливчиња свежо нане. На здравје!
Напомена: Доколку имате апарат за мелење мраз или доволно моќен блендер тогаш може заедно со лубеницата и јагодите да го измелете и мразот.
Ви препорачуваме да прочитате: Смуди со лубеница и банана.