Смуди со лубеница и банана

Смуди со лубеница и банана

Имаме нов рецепт! Со оглед на тоа што сезоната на лубениците започна, време е и ние да започнеме со експериментирање во кујната и подготовка на интересни рецепти. Ако сте љубители на смуди, тогаш издвојте малку време и пробајте нешто ново. Ви предлагаме несекојдневен рецепт за смуди со лубеница и банана, кое е вистинско освежување во летните денови.

Од лубеницата може да се направат многу нешта. Можеби досега сте ја јаделе само свежа, а сега имате можност да испробате смуди со лубеница и лимон, како и сок од лубеница. А ако обожавате рецепти со лубеница, пробајте и:

смуди од лубеница и банана

Состојки:

  • 1 ½ чаша лубеница (со отстранети семки)
  • 1 замрзната банана
  • 1 јаболко, излупено и исчистено од семките
  • ¾ чаша кисело млеко или јогурт со мал процент на масти
  • мед или сируп од агаве за засладување.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ја лубеницата. Миксирајте за време од околу 1 минута додека се добие хомогена смеса.
  2. Сокот од лубеницата процедете го низ сито.
  3. Потоа, повторно вратете го во блендерот и додајте ја бананата, јаболкото, киселото млеко и медот. Бледнирајте ги состојките додека се добие каша. Засладете по желба.
  4. Готовото смуди со лубеница послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Летно смуди од лубеница.

Сподели: