Снежен ролат 1

Снежен ролат

Потполно несекојдневен, интересен и декоративен снежен ролат би стоел добро на секоја трпеза! Благодарение на нашата пријателка Лана, дознавме како може да го направиме, па во оваа прилика го споделуваме со вас.

Може да ве интересира: Благ ролат со фил од какао.

Снежен ролат 2

Состојки:

  • 4 белки
  • 100 грама шеќер
  • 2 лажици брашно
  • малку лимонов сок
  • 100 грама сечкани лешници или бадеми за посипување.

За фил:

  • 200 мл слатка павлака
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 2 лажици кисела павлака.

Подготовка:

  1. Со постојано додавање на шеќер, белките изматете ги во цврст снег.
  2. На крајот, со помош на лажица, внимателно измешајте ги брашното и лимоновиот сок.
  3. Смесата турете ја во претходно обложен плех со хартија (од прилика на 2/3 од плехот за печење во рерната) и посипете си ситно сечкани лешници.
  4. Печете околу 15 минути во претходно загреана рерна на 180 степени, додека коричката благо зарумени.
  5. Печената кора преместете ја на кујнската крпа, посипете ја со шеќер во прав и завиткајте ја во ролат.
  6. Во меѓувреме изматете го филот со миксер.
  7. Кога ќе се излади, отв орете ја кората и премачкајте ја со филот од слатката павлака.
  8. Повторно завиткајте го ролатот, па оставете го да се стврдни и добро да се излади. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Брз ролат со тиква.

Сподели: