Сте купиле убаво парче месо, но не сте во можност да го подготвите веднаш? Уморни сте од работниот ден и сакате да се одморите? – Не грижете се. Ако сакате да направите некој специјалитет во наредните денови, нема потреба да го замрзнувате месото. Но, треба да знаете дека постои рок колку долго може да се чува во фрижидер и правила како да се чува за подолго да трае. Еве неколку совети за правилно ладење на месото.
Правилното чување на намирниците во фрижидер или замрзнувач може да спречи појава на сериозни болести. Бактериите на храната која стои на собна температура многу брзо се шират, особено кај месото и млечните производи. Но бактериските заболувања може да се спречат ако храната ја чувате во фрижидерот правилно. Токму затоа денес ви откриваме неколку корисни совети за правилно ладење на месото.

Многу е важно да споменеме дека фрижидерот и замрзнувачот секогаш треба да ги одржувате чисти. Посебно внимавајте на соковите од свежото месо, кои треба веднаш да се избришат со чиста кујнска хартија. Еве на што друго треба да внимавате:
- Свежото месо никогаш немојте да го чувате во најлонски кеси, затоа што за брзо време ќе се расипи. Најдобро по купувањето, ставете го во керамички сад и поклопете го.
- Ако не планирате да го употребите месото за скоро време, најдобро е да го замрзнете. Изладеното месо може да го чувате во фрижидер, максимално 48 часа пред да го подготвите.
- Редовно проверувајте ја температурата на фрижидерот за да потврдите дека ја одржува соодветната температура.
- Чувајте го суровото месо на долната полица од фрижидерот за да ја елиминирате можноста соковите од месото да контаминираат друга храна.
- Приготвената храна со месо никогаш не ја чувајте во фрижидер повеќе од два дена.
- Ако не сте сигурни дека месото е правилно чувано во фрижидер и се прашувате дали е безбедно за јадење, тогаш најдобро е да не го подготвувате.
Наша препорака:
Сигурно знаете дека изборот на квалитетно месо е секогаш совет број 1 кој ќе ви помогне да подготвите вкусен деликатес. А штом станува збор за свежо месо, наш избор се Агриа кои имаат квалитетното месо од домашно производство по принцип „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Посетете ги месарниците на Агриа ширум земјата (Велес, Битола и Штип), или побарајте го месото во Тинекс и Рамстор маркетите. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Ви препорачуваме да прочитате: Совети при купување на свинско месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Текстот е овозможен од Агриа.