8 лесни совети како да се ослободите од стресот и анксиозноста

Може да се каже дека со денешниот начин на живот, за жал стресот и анксиозноста се неизбежни. Често пати слушаме дека стресот го нарекуваат „болест“ на модерното време, што донекаде е и точно. Свесни за сето тоа, истражувавме и баравме решенија кои помагаат, па во оваа прилика ќе ве информираме како да се справите со стресот и да си го подобрите квалитетот на својот живот, што е основа за „подобро утре“.

Советите кои ги споделуваме во текстов се едноставни, а мошне корисни. Освен што помагаат да се справите со стресот, исто така влијаат и за намалување на анксиозноста. Еве што советуваат експертите од оваа област.

совети како да се ослободите од стресот и анксиозноста 2

Обрнете внимание на дишењето

Кога и да почувствувате дека ве обзема стрес или анксиозност, фокусирајте се да не останете без здив. Пробајте да земете воздух длабоко од дијафрагмата и потоа да го отпуштате полека, така што ќе го релаксирате телото. Кога и да сме стресени, нашиот здив станува краток, па наместо од дијафрагмата, вдишуваме од градниот кош. За да се опуштите и да се ослободите од стресот и анксиозноста, вашиот здив треба да биде длабок и од дијафрагмата. За да сте сигурни дека постапувате правилно, ставете ти рацете на стомакот и чувствувајте ги движењата при вдишување и издишување.

Пијте вода

Колку и да звучи вообичаено и дека нормално пиеме доволно вода, постои врска меѓу дехидратацијата и токсичните емоции, како се изразуваат при стрес и анксиозност. Така, ако немате навика да пиете вода, трудете се да се навикнете да пиете барем по неколку голтки на секој час.

Прошетајте

Ако имате парк во близина, користете го тој благодат секој ден. Дишете длабоко и опуштајте се. Дрвјата и природата даваат чувство на леснина. Дополнително, ако и партнерот обожава да шета, направете ја активноста заедно, ефектите ќе бидат уште подобри.

Медитирајте

Овој метод е одличен за ослободување од стресот и анксиозноста на долги рокови, но помага и на кратки „патеки“. Ако успеете медитацијата да ви премине во навика, не само што полесно ќе се справувате со стресот и анксиозноста, туку и ќе ви помогне да се чувствувате многу подобро. За почетници, се препорачува  медитација која се фокусира на здивот и дишењето.

Вежбајте

Стресот и анксиозноста доаѓаат од умот, но докажано е дека вежбањето помага за превенција и ослободување од токсичните емоции ефикасно. Како најдобри начини за справување, во поглед на физичката активност се препорачуваат пешачењето, трчањето, јога, пилатес, но и останатите начини на вежбање се во ред. Важно е после вежбањето, односно физичката активност да се чувствувате порелаксирано и поенергично.

Може да ве интересира: Победете ги „токсичните“ емоции од стресот додека е во акутна форма.

Издвојте момент за себе

Овозможете си малку време за себе и уживајте во моментот. Каснете коцка темно чоколадо, погледнете некое смешно видео кое ќе ве насмее, или едноставно излезете 5 минути на сонце. Вие знаете што најдобро може веднаш да ве „врати“ во форма.

Бидете благодарни

Сетете се за колку нешта во животот треба да се чувствувате благодарно. Често пати, сите ние сме фатени во замката на брзањето и свесноста дека животот е краток и сакаме да направиме што повеќе за времетраењето на нашиот живот. Наместо да живеете анксиозно и мислејќи на иднината, живејте ја сегашноста, негувајте го чувството на благодарност кон животот и можностите, заборавете ги затворените „врати“. Среќата доаѓа одвнатре и од нашето уверување дека сме добро, негувајте го тоа.

Побарајте помош доколку е потребно

Па, што друго може да се направи? – Доколку имате поголем проблем ве советуваме да се обратите за стручна помош и да не се срамите. А во случај да забележите дека поминувате низ стрес и постојано сте анксиозни, па сакате сами да пробате да го решите проблемот, ви препорачуваме да ги посетите поголемите аптеки или онлајн продавницата на Тримекс и да побарате L-Tryptophan. Таа е една од 8-те есенцијални аминокиселини која организмот не може да ја синтетизира заради што, мора да се внесува преку храната или преку суплементација. L-Tryptophan е критична за производство на хормоните на среќата – серотонин и мелатонин, кои помагаат во поддршка на позитивното расположение, здравиот сон и правилната функција на имунолошкиот систем.

pobedete gi toksicnite emocii od stresot 2

Ако сакате да го земете суплементот препорачуваме да се консултирате со својот лекар. А, за дополнителни информации и консултации во врска со неговите својства, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска од Тримекс, на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Rhodiola – „златен корен“ како природна помош при стрес.

*Спонзориран текст.

Сподели: