Пролетта е одлично време кога јагодите ги имаме во голема мера и со нив можеме да приготвуваме разни вкусни задоволства. Течните оброци се тренд, но и се лесен начин да внесеме поголема количина на хранливи материи на полесен начин и без да консумираме голема количина на храна. Па, имаме испробано вкусен и супер хранлив пролетен оброк со јагоди. Освежете се деновиве и уживајте во енергијата!
Ги обожаваме брзите и здрави оброци, па така ова пролетно освежување е нашиот прв избор во топлите мајски денови.

Состојки:
- 50 гр јагоди
- 50 гр црвено бобинкасто овошје
- 200 мл обезмастено млеко (со 1,5% млечни масти).
Подготовка:
- Подготовката е повеќе од лесна. Прво сите состојки ставете ги во блендер.
- Кратко блендирајте додека состојките се соединат и шејкот добил убава конзистенција. Готовиот оброк можете да го консумирате веднаш. Погледнете го видеото и на здравје!
Кои се карактеристиките на овој оброк во чаша?
Со вака приготвениот совршен пролетен оброк со јагоди и бобинкасто овошје ќе внесете 10 гр протеини, 21 витамин и минерал, а само 200 калории. Дополнителните корисни својства се повеќе:
- ја намалува желбата за храна
- го регулира и намалува апетитот
- го зголемува нивото на енергија
- ја подобрува дигестијата
- има низок гликемиски индекс
- одличен е за имуниот систем.
Ви препорачуваме да прочитате: Нискокалорични интегрални мафини без шеќер.