Можеби никогаш не ви паднало на памет дека содата бикарбона може да ви послужи за некои дневни ритуали за убавина. Ова е состојка што ја имате во вашите домови и е лесно достапна во секој супермаркет. Освен што има широка употреба во домаќинствата, може да биде и одличен сојузник на убавината.
Неверојатната моќ на овој прашок ја најде својата примена во скоро секое домаќинство, со примена за чистење на куќата, готвење и освежување. Одлична е за орална хигиена, за убавина, а и за медицинска употреба. Во продолжение ви издвојуваме неколку едноставни трикови кои можат да ви помогнат да ја зачувате и да ја одржите убавината со помош на сода бикарбона.

Пилинг за лице
Ревитализирајте ја својата кожа со едноставен и евтин пилинг. Направете мешавина од сода бикарбона и вода, во сооднос 3:1, и со лесни кружни движења избришете го лицето. На овој начин ќе направите благ и ефикасен пилинг. Исто така, содата може да ви помогне да се ослободите од мозолчињата. Направете паста од сода бикарбона и свежо исцеден сок од лимон и периодично нанесувајте го на саканото место.
Шампон за коса со сода бикарбона
Направете свој шампон за миење на косата. Додајте една четвртина сода бикарбона во шампонот кој го користите. Најдобро е да изберете проѕирен, а не кремаст шампон. Ова ќе ви помогне да ги отстраните остатоците од стилизирачките средства за коса како регенератори, пени или гелови.
Ако немате време да ја измиете косата со класичен шампон, искористете ги својствата на содата. Едноставно ставете малку сода на коренот на косата и исчешлајте ја со прстите. Содата ќе ја впие мрснотијата, па за многу кратко време ќе бидете подготвени за излегување.
Ублажување на изгореници
За да ги ублажите изгорениците, натопете крпа во раствор од 250 мл вода и четири лажици сода бикарбона. Ова ќе ви помогне да се „извлече” топлината од изгорениците.
Мека и чиста кожа
Содата длабоко ќе ја освежи и ја прочисти грубата кожа. Додајте малку сода во топлата купка. Исто така, кога правите домашен педикир, додајте три лажици сода бикарбона во топла вода и стапалата ќе ви бидат многу благодарни.
Совети плус: Содата бикарбона има најдобри својства кога е без алуминиум. Ваква сода може да набавите од Витаминка од поголемите маркети, а доколку сакате да прочитате зошто ви ја препорачуваме баш неа, кликнете на овој линк.
За крај, доколку имате намера да применете од погореспомнатите третмани, добро едуцирајте се, прво тестирајте со мали количини и внимавајте да не претерате со повторувањата или зачестеноста на третманите. За медицински состојби, задолжително консултирајте се со својот лекар.
Ви препорачуваме да прочитате: Корисни препораки за примена на содата бикарбона во разни ситуации.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.