Натриум бикарбонат, кој во домаќинствата е познат како сода бикарбона, широко се применува во прехранбената, хемиската индустрија и козметика. Често пати содата ја нарекуваат и бел прав со чудесно дејство.
Некои ја користат како замена за шампони, при бричење, изгореници, за чистење на мрсни садови и слично. Може да ја користите во домаќинството, а еве неколку практични примери, кои ќе ви бидат од голема корист:
Лесно исчистете ја рерната
Чистењето на рерната, некогаш може да биде макотрпно и да ви одземе многу време. За да ја исчистите рерната, посипете сода бикарбона и малку вода, па оставете да стои преку ноќ. Утрото лесно ќе може да ја исчистите рерната.
Исчистете ги загорените тави и тенџериња со помош на сода бикарбона
И на најискусните домаќинки им се случува понекогаш да им загори храната во тенџерето. Потопувањето на тенџерињата во вода и напорното рибање со разни хемиски средства нема да резултира со отстранување на сите дамки и нечистотии. За да ги исчистите загорените тави и тенџериња потребни ви се 3 лажици алкохолна киселина, 2 шолји вода и 1 лажица сода бикарбона. Постапката за чистење и подготовката прочитајте ја тука.
Помалку миризлива канта за ѓубре
Неутрализирајте го лошиот мирис од кантата за ѓубре со помош на сода бикарбона. Доволно е да посипете сода бикарбона во кантата, а потоа ставете нова кеса. Тоа ќе помогне да се отстрани мирисот.
Исчистете го затнатиот одвод
Сода бикарбона може да користите за одзатнување на канализацијата и одводот. Посипете 100 гр сода бикарбона во одводот, оставете да стои две минути, а потоа налејте половина литар врела вода. Или ставете 2 до 3 лажици сода во одводот и оставете да стои неколку минути. Во меѓувреме во сад зовријте 2/3 алкохолна киселина и 1/3 вода. Растворот од вода и киселина ставете го во одводот. Повеќе начини за одзатнување на одводот, прочитајте тука.