сол

3 начини за брзо да го исчистите затнатиот одвод

Следен пат кога ќе ви се затне одводот на мијалникот, кадата, туш кабината, WC шолјата, нема да има потреба веднаш да повикате водоинсталатер или да користите хемиски средства. Засукајте ги ракавите и сами решете го проблемот.

Ние ви предлагаме 3 брзи и евтини начини за да го исчистите затнатиот одвод.

Сода бикарбона и киселина

Во одводот турете врела вода, а потоа ставете 100 грама сода бикарбона и оставате да стои неколку минути. Во сад измешајте половина чаша киселина и една чаша вода. Смесата од киселина и вода турете ја во одводот. Бидете внимателни и брзо затворете го сифонот со стари крпи, бидејќи оваа комбинација предизвикува тешки хемиски реакции. По 5 до 10 минути извадете ги старите крпи и во одводот турете врела вода.

сол

Сода бикарбона, сол и вода

Навечер, пред да си легнете во одводот ставете 100 грама сода бикарбона и 50 грама сол. Оставете да стои во текот на ноќта. Утрото во одводот турете еден литар врела вода.

Закачалка

Исправте една жица од закачалката и направете кука. Куката ставете ја во одводот и почнете да мешате во затнатиот одвод.  Бидете подготвени на тоа што сѐ ќе извадите од него. Кога ќе завршите со жицата, одводот исплакнете го со еден литар врела вода.

Сподели: