Солени мини мафини 1

Солени мини мафини

Ако сакате да му овозможите на семејството или друштвото вкусна забава, подготовете ги овие мали забавни залчиња! Зошто би биле големи, кога може да бидат фини и интересни мини мафини? Солени и лесни за јадење!

Совршени се за мезење во долгите вечери полни со пријатни разговори, за детски родендени или за време на прошетка. И благодариме на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone за прекрасниот рецепт.

Солени мини мафини 2

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • малку мелен црн пипер
  • 100 гр шунка
  • 40 гр растопен путер
  • 2 лажици ситно рендан кашкавал
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 150 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • 1 јајце.

Подготовка:

  1. Во поголем сад измешајте ги сите состојки и добро соединете ги.
  2. Калапот за мини мафини намачкајте го со малку путер (по желба може да ставите и хартиени корпички, но потоа е тешко да се одлепат од мафините).
  3. Смесата за мафини распоредете ја во калапот, па ставете ги да се печат.
  4. Печете во претходно загреана рерна на температура од 200 степени за време од околу 20 минути.
  5. Послужете ги топли или млаки, а за декорација и дополнување на вкусот сервирајте ги со кисела павлака. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Солени мафини со спанаќ и сирење.

Сподели: