Ако не знаете каква промена да внесите во утринското мени, еве супер рецепт! Вкусни солени мафини со спанаќ и сирење се одлична опција. За надополнување на моментот, може да си направите чај или кафенце и да си сервирате во дворот или на балконот, за уживањето да биде целосно!

Состојки:
- 270 гр замрзнат или свеж спанаќ
- 120 гр јако сирење за сечкање или рендање
- 2 јајца
- 100 мл млеко
- 50 мл масло
- 150 гр просеано брашно
- 1 лажиче прашок за печиво
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- зачини по вкус сол, црн пипер, рендано морско оревче, кромид во прав, мајоран.
Подготовка:
- Доколку спанаќот е свеж измијте го и исечкајте го, а доколку е замрзнат, прво одмрзнете го па исечкајте го.
- Сирењето исецкајте го на ситни коцкички или крупно изрендајте го.
- Брашното измешајте го со печивото и содата.
- Во поголем сад ставете ги јајцата, млекото и маслото, и убаво изматете ги со вилушка.
- Потоа додајте ги спанаќот, сирењето и зачините по вкус, а препорачуваме да внимавате на солта, ако сирењето е посолено доволно е само прстофат сол. Измешајте.
- На крај додајте го брашното и измешајте ја смесата да се изедначи.
- Од смесата ставајте во калап за мафини со хартиени кошнички и полнете ги скоро до горе.
- Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени.
- Печете ги околу 30-на минути потоа оставете ги уште 5-6 минути во исклучена рерна.
Од вака припремената смеса ќе добиете 9 мафини. Готовите солени мафини со спанаќ и сирење послужете ги ладни со прилог од крем сирење, јогурт и слично. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Солени мафини со мелено месо.