Сорбет од лимон и рецепт за ладно освежување 1

Сорбет од лимон и рецепт за ладно освежување

За вистинско летно и ладно освежување на сите сетила! Направете си ладен напиток со сорбет од лимон и излезете на балконот или во дворот, да уживате во убавините на животот! По желба додајте неколку коцки мраз, моментот кој ќе го креирате ќе биде совршен!

Обично сорбетот се служи како десерт. Но, нашата пријателка Лана, која има одлични рецепти ни нуди нешто друго, па срдечно и се заблагодаруваме за ова вкусно и интересно освежување кое е идеално за деновите со тропски температури.

Сорбет од лимон и рецепт за ладно освежување 2

Состојки:

  • 200 мл вода
  • 200 гр шеќер
  • 1 лимон (кора и свежо цеден лимонов сок)
  • пенливо вино по потреба
  • неколку листови нане.

Подготовка:

  1. Во длабок сад турете ја водата и шеќерот, а откако ќе зовријат оставете ги да варат околу една минута.
  2. Тргнете го садот од ринглата и додајте ги свежо цедениот сок од лимон и ситно изрендата кора. Потрудете се доколку можете да најдете лимон кој што не е прскан.
  3. Течноста турете ја во сад за замрзнување и оставете ја во замрзнувачот, додека добро се стегне. Пред тоа, важно е добро да измешате за да се формираат што помалку кристали.
  4. Со помош на лажица за сладолед, сервирајте од готовиот сорбет од лимон.

Наш предлог за сервирање е со изладен шампањ. Ставете една до две топки од сорбетот од лимон, декорирајте со листовите нане и одма послужете. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Освежителен сок од лубеница и лимон.

Сподели: