Сте се запрашале ли како може да го спречите создавањето на непотребниот мраз во фрижидерот за замрзнување? Ако досега оваа состојба ви пречела и ве иритира, време е да ги откриете нашите решенија!
Во фрижидерот за замрзнување доаѓа до формирање на мраз, бидејќи ладниот воздух ја извлекува влагата од намирниците кои сте ги ставиле внатре. Ладниот воздух не може да ја задржи влагата како топлиот, а истата мора да се акумулира некаде, како што е случај по ѕидовите на фрижидерот за замрзнување, кој претставува затворен простор. За да ја спречите ваквата појава на мраз во фрижидерот кој би се таложел и би бил дебел повеќе сантиметри испробајте некој од следните трикови.

Користете масло
Земете памучна крпа и натопете ја со масло, а потоа избришете ги ѕидовите. Тоа ќе направи лизгава површина на која не може да се налепи дополнителен мраз. Всушност, на овој начин не го решавате трајно проблемот, меѓутоа го одложувате многу честото чистење на мразот од замрзнувачот.
Цврсто затворете ги намирниците
За да ја намалите влажноста во фрижидерот за замрзнување, важна препорака е убаво да ги затворате намирниците. Користењето на машина за пакување или вакумирање е идеална опција, а како замена може да користите зип ќеси за замрзнување или пластични садови затворени со капак. А, пред да ги ставате спакуваните намирници во замрзнувачот, од ќесите истиснете што повеќе воздух.
Пробајте, не е тешко!