Спреј од нане и рузмарин за подобар раст на косата

За да го подобрите растот на косата не треба да купувате скапи производи. Наместо тоа сами подгответе си спреј од нане и рузмарин кој нема хемикалии, а ќе ви помогне за намалување на  опаѓањето, мрсењето и ќе го врати првобитниот сјај на косата.

Листовите од рузмарин со векови се користат како традиционален лек при проблеми со косата. Истражувањата покажале дека рузмаринот го стимулира растот на косата и ја регенерира. Чајот од рузмарин може да се користи како тоник за коса, а влијае против првут, го намалува опаѓањето, ја зајакнува и ѝ дава сјај.

Освен што мисиса прекрасно, нането има неверојатен ефект врз косата. Тоа и помага на косата побргу да расте, го намалува мрсењето и ја штити од штетните сончеви зраци.

нане и рузмарин

За да направите спреј за коса кој ќе го подобри нејзиниот раст потребни ви се 2 шолји зовриена вода, 1 лажица суви или свежи листови од рузмарин и 1 лажица свежи листови од нане.

Листовите нане и рузмарин исечкајте ги и ставете ги длабок сад. Во садот додадете ја врелата вода. Оставете ги додека водата ја достигне собната температура. Течноста процедете ја и турете ја во шише со прскалка. Врз чистата коса добро испрскајте со спрејот, а потоа направете масажа на скалпот. Оставете спрејот да делува 15 минути, а потоа исплакнете ја косата со млака вода.

Сподели: