Сѐ за храна помеѓу победниците за најдобар сајт на годината

Трета година по ред Сѐ за храна е дел од победничките сајтови во Македонија. Работиме за да бидеме најдобри за читателите не само за победничко место, бидејќи вие што нѐ следите сте најважни. Признание од некого годи, но лојалноста од вас читателите и вашите секојдневните позитивни коментари се најдобра награда од сѐ, иако тоа официјално никаде не стои. Ете затоа, благодариме на сите кои читаат и гласаа за sezahrana.mk! Ние ќе продолжиме да си работиме чесно и натаму!

Прогласувањето на најдобрите македонски веб сајтови е манифестација на која Сѐ за храна учествува традиционално од нејзиното постоење, односно по трет пат досега. Во 2013 година го освоивме третото место за Најдобар блог, а во 2014 имавме две втори места во категориите Најдобар сајт за храна и здравје и Најдобар Блог, а годинава согласно со континуираниот напредок, секојдневно заложување и искрено слушајќи ги вашите потреби и барања, во 2015 година Сѐ за храна го освои второто место во категоријата Најдобар сајт за Храна и здравје.

сајт на годината се за храна

Сајт на годината е манифестација на која по шести пат се избираа најдобрите веб сајтови во Македонија во повеќе категории. Истата беше организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep an eye. Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на веб сајтовите во Македонија и да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите, интернет маркетингот и севкупното интернет издаваштво во Македонија.

Најсреќни сме кога секојдневната напорна работа е признаена од вас и ви порачуваме да верувате истрајно во она што го работите за да го остварите сонуваниот успех, а на сите кои нѐ поддржавте срдечно Ви заблагодаруваме!

Сподели: